„Дедо Мраз во веселата шума“ е новогодишната детска претстава со која Театар Куманово ќе се обиде да ја анимира најмалата публика.
Станува збор за претстава која Театар Куманово ја подготвува со сопствени средства и се пленира да биде играна повеќе денови.
– Премиера на претставата се очекува да биде на 19 или 20 декември по што ќе се игра секојдневно во зависно од интересот на публиката. Пробите се веќе во тек и се надеваме дека како и секоја година ќе имаме значителен интерес кога се во прашање предновогодишните детски претстави, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.
Претставата е во режија на Кети Дончевска Илиќ, а во неа играат Владанка Крстевски, Нина Максимова, Никица Јанковски и Марко Трајковиќ.
Драматург е Зоран Зафировски, сценографијата на Крсто Богојевски, а костимограф на претставата е Дарко Илиевски.
Во реализацијата на оваа претстава, која воедно е и последна за годинава, ќе учествува целиот тим на Театар Куманово.
Никола Ивановски