Дали сте сапиосексуалец?

Сподели со своите пријатели

Сапиосексуалец е личност која скесуално ја привлекува исклучиве интелигенцијата. Нив ги привлекува разговор со интелигентна личност, па тоа р пвата особина која ја забележуваат кога одат со некој на состанок.

Германскиот „Билд“ пишува за тоа како сапиосексуалноста е се повеќе присутна и дека се работи за момент во кој личноста сфаќа дека интелектуалниот соговорник со своето зборување и сексуално привлекува.

Дали сте демисексуалец?

Loading...

Сепак и научниците имаат свој поглед на овој нов вид на сексуалност, па откриено е дека гените кои влијаат на интелигенцијата и гените кои влијаат на плодноста се наоѓаат на ист х хромозом. Како и двете карактеристики бараат комплексна генетска мрежа, се смета дека еволуирале заедно.

Биологот Џефри Милер вели дека интелигенцијата е индикатор на општо здравје на личноста, така да може да се извлече заклучокот дека нашите предци, бирајќи го партнерот на основа на неговата интелигенција всушност бирале партнер со кој може да остварат плодно потомство.