Четворица малолетници од Куманово и Липково ќе одговараат за насилство

Сподели со своите пријатели

Четворица малолетници од Куманово и еден од Липково добија кривични пријави под сомнение дека во декември сториле насилство.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против четири малолетници од Куманово и еден малолетник од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство’’, информираат од Министерствотор за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, на 02.12.2024 во Куманово, по претходна расправија, пријавените физички нападнале тројца други малолетници.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотоциклист од Куманово тешко повреден откако излетал од патот