Бугарските власти објавија дека војската ќе биде распоредена на границата со Македонија и Грција поради алармантната состојба со беглаците од Блискиот исток.
Бугарското Министерство за одбрана ќе предложи конкретни мерки за да заедно со полицијата ја обезбеди државната граница. Копнените воени сили и граничната полиција ќе почнат заеднички активности на критичните точки на зелените граници и на граничните премини. Ваква одлука е донесена на вчерашниот состанот во Министерството за внатрешни работи на кој присиствувале безбедносните сили на Бугарија, премиерот Бојко Борисов и министерот за финансии.
Властите во Република Чешка сериозно се подготвуваат, во случај на вондредна состојба, да испратат војска на граница со цел да се сопре упад на имигрантите кои веќе „го блокираа“ Балканот.
Оваа информација вчера ја потврди чешкиот министер за одбрана, Мартин Стропницки истакнувајќи дека планот опфаќа испраќање на 2600 војници на чешките граници.
„Министерството за одбрана е подготвено да испрати 2600 војници за заштита на границите од недокументираните имигранти во случај граничната полиција да го побара тоа“, изјави Стропоницки.
Поради сè поголемиот број на имигранти кои што пристигнуваат во Западна Европа, чешките власти го подигнаа нивото на подготвеност на повисок степен.
Чешка не е единствената земја која што на сличен начин се подготвува за бранот на имигранти. Голем број на европски земји ги превземаат истите мерки, Англичаните се закануваат со блокирање на тунелот под Ла Манш, Турција најави изградба на ѕид, а Унгарија веќе го гради ѕидот на границата со Србија.
Поголемиот дел од Австријците го подржуваат повторното воведување на гранична контрола. Спорет истражувањето дури 66% од нив бараат воведување на „временски ограничени“ гранични контроли, но немаат ништо против да ги сместат бегалците.
Фото: Ројтерс