Кралицата Елизабета Втора ги поминала последните часови од својот живот во нејзиниот замок Балморал во Шкотска.
На смртната постела, до неа, бил нејзиниот син и наследник – кралот Чарлс III.
Заедно со неговата помлада сестра, принцезата Ана, тој бил покрај креветот на мајка си додека не починала.
Другите членови на кралското семејство не пристигнале навреме во Шкотска.
Принцовите Вилијам, Едвард и Ендру дојдоа веднаш по смртта, а принцот Хари дури вечерта, неколку часа откако во медиумите беше објавена веста за нејзината смрт.
Како што пишуваат Британците, Чарлс вчера наутро отишол во Балморал, откако лекарите го известиле дека на кралицата ѝ остануваат уште неколку часа живот, па сите постари членови на семејството побрзале да се простат со неа.
Бидејќи во собата за време на нејзината смрт биле само Чарлс и Ана, според неофицијални информации, Ана му ја бакнала раката како нов крал веднаш откако кралицата засекогаш ги затворила очите.
Двајцата помлади браќа го направиле истото, откако пристигнале во Балморал, како и синот, новиот престолонаследник Вилијам.
Да потсетиме дека по смртта на кралицата Елизабета Втора, која помина седум децении на тронот, нејзиниот син Чарлс автоматски стана нов крал.
Како што беше потврдено вечерва, новиот крал го избрал името Чарлс Трети, додека неговата сегашна титула ќе ја носи неговиот најстар син Вилијам.
На официјалниот Твитер профил на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон веќе се внесени нови титули – војвода и војвотката од Корнвол и Кембриџ, што се титули кои претходно ги носеа новиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.