Цените на нафтата паднаа во средата, откако податоците покажаа дека залихите на сурова нафта во САД неочекувано пораснале минатата недела, сигнализирајќи потенцијален пад на побарувачката, иако загриженоста за понудата ги задржа загубите под контрола.
Фјучерсите на суровата нафта брент паднаа за 23 центи или 0,2 отсто, на 96,08 долари за барел, пренесува Фена.
Американската сурова нафта West Texas Intermediate падна за 28 центи, или 0,3 отсто, на 90,22 долари за барел.
Залихите се зголемија
Залихите на сурова нафта во САД пораснаа за околу 2,2 милиони барели во неделата што заврши на 5 август, покажуваат пазарните извори кои се повикуваат на податоци од Американскиот институт за нафта.
Аналитичарите анкетирани од Ројтерс очекуваа залихите на сурова нафта да пораснат за најмалку 100.000 барели.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.