Британската економија квартално пораснала од април до јуни

Сподели со своите пријатели

Според првата прелиминарна проценка, економијата на Велика Британија пораснала за 0,2 отсто во вториот квартал, од април до јуни, во однос на претходниот квартал, објави денеска британската канцеларија за национална статистика (ONS).

Loading...

Резултатот ги надмина очекувањата на експертите, кои претпоставуваа дека британскиот БДП ќе стагнира на квартално ниво.

Услужниот сектор забележа квартален раст од 0,1 отсто, преработувачката индустрија за 0,7 отсто, а градежништвото за 0,3 отсто.

Раст е забележан и кај потрошувачката на домаќинствата од 0,7 отсто и кај јавната потрошувачка од 3,1 отсто.

Британскиот извоз падна за 2,5 отсто на квартално ниво, додека увозот порасна за 1,0 отсто

Во споредба со истиот квартал минатата година, британската економија порасна за 0,4 отсто, пренесува Танјуг.

Британскиот БДП порасна за 0,5 отсто во јуни во споредба со истиот месец минатата година, надминувајќи ги очекувањата за раст од 0,2 отсто и закрепнување од мајскиот пад од -0,1 отсто.

Производството се зголеми месечно за 1,8 отсто, градежништвото за 1,6 отсто, а услугите за 0,2 отсто, така што сите три сектори позитивно придонесоа за растот на британската економија.

Loading...