Британија го „измислила“ инцидентот во Солсбери за да ја обвини Русија, велат Русите

Сподели со своите пријатели

Британските власти го „измислиле“ хемискиот инцидент во Солсбери за да почнат да го подготвуваат населението на земјата за конфликт со Русија, соопшти руската амбасада во Лондон, пренесува Тасс, пренесува Танјуг.

Loading...

„Во 2018 година, оваа провокација можеби изгледаше како еднократен инцидент што беше искористен за задушување на конструктивните елементи што ги поддржуваа односите меѓу Русија и Велика Британија во тоа време“, соопшти амбасадата.

„Сега сфаќаме дека од почетокот Лондон никогаш немал никаков интерес да ја утврди вистината. Хемискиот инцидент во Солсбери е намерно измислен со цел да се започне со подготовка на населението и сојузниците на Велика Британија за пресметка со Русија“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Принцот Вилијам денеска се среќава со Доналд Трамп: Познато и што ќе разговараат

Како што се наведува, таа подготовка сега доби воено-политички карактеристики во Украина, пренесе руската агенција.

Во центарот на британскиот град Солсбери во март 2018 година, поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени со нервен агенс, за што Британија ја обвини Москва.