Бретон: Украина во моментов не може во НАТО поради војната

Сподели со своите пријатели

Украина не може да влезе во НАТО додека има војна на нејзина територија, објави денеска европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон, пренесува ТАС С.

Loading...

„Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара членство во НАТО, но, како што знаете, за да влезе во Северноатлантскиот договор, земјата не смее да има воени операции на своја територија, додека Украина е земја во војна, така што очигледно е дека во ова во моментов е невозможно, изјави Бретон за француската телевизија БФМ.

Тој ја опиша оваа ситуација како „политички демарш“ и изјави дека украинското барање е „симболично“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во септември објави дека Украина поднела апликација за членство во НАТО, по забрзана процедура.

Соопштението уследи веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ ја објави одлуката за анексија на четири украински региони, по референдумите организирани од Москва, кои Киев и голем број земји ги отфрлија како кршење на меѓународното право.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.