04.06.2015 14:56

Ботасот: Планот на групата било заземање на караулата во Крива Паланка


Косовскиот портал Ботасот во денешниот натпис тврди дека вооружениот инцидент со полицијата не бил планиран да се случи во Куманово, туку во соседната општина Крива Паланка.

Планот бил софистицирано подготвен помеѓу македонските тајни служби и косовската вооружена група да се нападне воената караула во Крива Паланка која се наоѓа на границата со Бугарија, пишува Ботасот.

loading...

Според објавата, понатаму се тврди дека организаторите на групата одржувале редовен контакт со македонските тајни служби, кои чекале сигнал за напаѓање на воената караула, каде наводно се криела голема количина на оружје од различен калибар.

Неофицијално, планот за нападот бил осмислен со елиминација на четворица чувари на караулата и лесно преземање на контрола и одземање на оружјето и целокупната муниција која е складирана во магацините на АРМ.

Целта на нападот била од тоа да се направи меѓународен проблем поврзан со исламски тероризам и организацијата ИСИС во Ирак и Сирија, каде поголемо количество од украденото оружје од воената караула би се транспортирала до финалната цела, односно до Блиски Исток.

Милитантната група наводно дала ветување на тајните служби дека тие со леснотија ќе ја преземат полициската станица и воената караула во Крива Паланка. По нападот, групата планирала да отвори коридор за повлекување од Македонија, пишува Ботасот.

Ботасот тврди дека сценариото за напад се променило во последна минута откако било проценето дека нападот на караулата помеѓу двете држави ќе предизвика тензии помеѓу Македонија и Бугарија.

 


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments