Борел: Подготвен е конечниот текст за спас на нуклеарниот спор

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеф Борел, синоќа изјави дека конечниот текст е подготвен откако во Виена завршија индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон за спас на нуклеарниот договор од 2015 година.

Loading...

„Она што може да се преговара е преговарано и сега е во финалниот текст. Сепак, зад секое техничко прашање и секој параграф се крие политичка одлука што треба да се донесе во главните градови“, напиша Борељ на Твитер, пренесе Ројтерс.

Тој посочи дека договорот може да се потпише доколку одговорите од главните градови се позитивни.

Преговарачите за заживување на иранскиот нуклеарен договор ќе се преселат од Виена во Техеран, каде ќе ги продолжат разговорите, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Иранската агенција наведува дека разговорите ќе продолжат со координаторот на преговорите и претставници на другите страни, пренесе Ројтерс.

САД го напуштија договорот за иранската нуклеарна програма во 2018 година, но учествуваа во преговорите за повторно активирање на документот.

Страните во договорот се, освен Иран, со посредство на Русија, Кина, Велика Британија, Франција, Германија и ЕУ.