Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор денеска се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, највисокиот американски функционер кој ги посети Филипините откако Маркос ја презеде функцијата.
На државната телевизија немаше директен пренос од посетата на Блинкен на претседателската палата во Манила, а подоцна накратко известуваше за посетата на првиот американски дипломат.
Само на неколку репортери од Манила им беше дозволено да известуваат за настанот.
Претседателството подоцна објави фотографии на кои Маркос Џуниор и Блинкен се ракуваат.
Маркос Јуниор рече дека е изненаден од зголемувањето на тензиите поради посетата на Ненси Пелоси на Тајван.
„Ова само покажува колку е нестабилна меѓународната дипломатска сцена, не само во регионот“, рече тој.
Маркос Јуниор, кој ја презеде функцијата на 30 јуни по убедливата изборна победа, ги нарече односите меѓу Манила и Вашингтон од витално значење.
Блинкен изјави дека односот меѓу двете земји е „извонреден затоа што навистина се заснова на пријателство“.
Блинкен треба да се сретне преку видео врска со филипинскиот министер за надворешни работи Енрике Манал, кој неодамна беше позитивен на коронавирусот.
Тој ќе посети и клиника за вакцинација во Манила, каде ќе се сретне со групи кои помагаат во борбата против појавата на коронавирус, а потоа ќе оди на саем за чиста енергија и ќе се сретне со персоналот на Амбасадата на САД.