Дел од церемојата за одбележување на Богојавление во португалското село Вале де Салгуеиро, секоја година предизвикува негодување помеѓу странците. За време на церемонијата родителите ги потикнуваат своите деца, меѓу кои има и такви од пет години, да пушат цигари.
Loading...
Локалното население тврди дека со тој обичај се практикува со векови како дел од прославата на Богојавление, но никој не знае да објасни што точно симболизира и зошто родителите им купуваат цигари на децата и ги потикнуваат да пушат, пренесува АП.
Дводневната церемонија, која се завршува со недела миса вклучува и играње околу логорски оган, музика која се изведува во полноќ и избор на „крал“ кој служи вино и грицки.
Традиција која убива: Осумгодишно девојче починало на својата прва брачна ноќ
Жозе Рибеириња, писател кој доста пишувал за церемониите во тоа село, вели дека се непознати корените на таа традиција, но дека може да имаат врска со повторното будење на природата и човечкиот живот.
Loading...
Според негови зборови, тоа село се придржува до многу традиции заостанати од паганско време и додава дека за тоа допринело и тоа што селото е одалечено 450 километри од Лисабон, што ја зачувало традицијата.
Во Португалија, инаку, е забрането да им се продаваат цигари на лица под 18 години, меѓутоа ништо не ги спречува родителите да го направат тоа, а португалските власти не прават ништо да ја спречат праксата.
Како и во многу европски земји, и тука се преземаат мерки за намалување на пушењето, вклучувајќи делумна забрана за пушење во забранети простории.
AP Photo/Armando Franca