Биткоинот ја надмина вредноста од 100.000 долари за прв пат во историјата

Сподели со своите пријатели

Цената на биткоинот за прв пат во историјата на оваа криптовалута надмина 100.000 долари.

Loading...

Поточно, највредната криптовалута во светот во средата, на 4 декември, достигна дури 104.000 долари, сето тоа во пресрет на оптимизмот што го зафати пазарот поради потезите што ги најави новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кои треба да доведат до уште поширока употреба на криптовалути.

На Волстрит берзанските индекси во средата достигнаа ново рекордно ниво, благодарение на растот на цените на акциите на технолошките компании и пораката на претседателот на ФЕД, Џером Пауел дека состојбата во економијата е подобра отколку што се мислеше.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија ќе се бори против инфлацијата - со ориз

Dow Jones зајакна 0,69 отсто, на 45.014 поени, додека S&P 500 порасна за 0,60 отсто, на 6.086 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,30 отсто, на 19.735 поени.

Новите рекорди за сите три индекси во голема мера беа поттикнати од добивките на технолошките акции откако Salesforce објави подобри квартални резултати од очекуваните.

Цената на акцијата на таа компанија скокна за 11 отсто, а производителот на чипови Marvell Technology скокна за повеќе од 23 отсто. Силно порасна и цената на акцијата на Nvidia, за 3,5 отсто.

Меѓу победниците беше и трговскиот сектор, бидејќи се очекува раст на трошоците за одмор.

Позитивно на пазарот имаа и коментарите на претседателот на американската централна банка.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: До 2050 година бројот на нови случаи на рак ќе се зголеми за 77 отсто

Економијата е посилна отколку што изгледаше кога ФЕД почна да ги намалува каматните стапки во септември, што ја отвора вратата за повнимателно намалување на каматните стапки во иднина, рече Пауел на конференција.