Биткоинот достигна рекордно високо ниво во азиската трговија бидејќи инвеститорите веруваат дека републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ќе победи на изборите во САД.
Loading...
Вредноста на главната светска криптовалута се зголеми за седум отсто на 75.060 долари, што достигна рекордна вредност претходно забележана во март, објави Ројтерс.
Инвеститорите предвидуваат дека доколку Трамп победи, ќе се воведе поблаго регулирање на криптовалутите.