Билингсли: Има прогрес на преговорте за контрола на оружјето со Русија

Сподели со своите пријатели

Постигнат е „важен прогрес“ во преговорите во Хелсинки со заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, соопшти Маршал Билингсли, специјален претставник на САД за контрола на оружјето.  

Loading...

Преговорите се водеа  во Хелсинки вчера. 

 „Благодарам на претседателот (на Финска, Саули Нинистјо) и на прекрасниот народ на Финска, за големото добредојде и организација на вакви клучни американско-руски преговори за контрола на атомското оружје. Значаен прогрес“, напиша денеска Билингсли на Твитер. 

Според руското МНР, претставниците на Русија и САД размениле оценки за состојбата и перспективите на билатералните взаемни чекори околу контрола на оружјето. 

Веднаш по претходната средба, Билингсли изјави дека Договорот за стратегиско офанзивно оружје може да биде продолжен само во случај доколку претседателите на САД и Русија одобрат заеднички документ во кој се приложени и прашањата околу кои Вашингтон е загрижен.

Рјабков на ова одговори дека “врз основа тоа што го предлагаат САД, не се наѕира добра зделка”.

Борис Камчев, САД

Leave a Reply