Не знаеме точно како налетавме на видеото кое го прикажува животот во Куманово во 70 – тите години од минатиот век. Се сложувате, барем вие од Куманово, дека снимката нè враќа во едно време кога сè беше така поразлично отсега, така помирно и поубаво на некој начин.
Loading...
На снимката се гледа архитектурата од тоа време, непостоечката осумнаесеткатница позната како СУ – МА, но и ученичките денови во кумановската Гимназија и пушење цигари во училница.
Некои градби се сè уште исти, како малиот плоштад пред Домот на култура и зградите околу плоштадот.
За помладите генерации, ова видео сигурно ќе биде ”фрик” ако погледнат како во тоа време изгледале учениците во тоа време.