Баварскиот премиер бара повеќе оружје за Украина

Сподели со своите пријатели

Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер се изјасни за поголема испорака на оружје за Украина, со цел да се зајакне позицијата на земјата во однос на Русија.

Loading...

Во исто време, првиот човек на владејачката ЦСУ смета дека паралелно треба да се бара и политичко решение.

– Потребни се поголеми испораки на оружје, но секогаш во рамките на НАТО. Украина мора да биде доведена во зајакната состојба за да може да преговара со Русија од позиција на сила, нагласи Седер во изјава за медиумската групација Баерн.

Интересно е што ова барање доаѓа од Германија, која ја снабдува Украина со оружје, но не до степен до кој би сакал Киев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.