Барселона ги зголемува таксата за туристите

Сподели со своите пријатели

Масовниот туризам, особено во централните области на Барселона, ги принуди градските власти да донесат одлука која треба да ги одврати туристите и да им го врати градот на жителите.

Loading...

Ќе ја поскапат туристичката такса за патниците кои ќе дојдат со крстарење на еднодневни патувања и ќе останат во градот помалку од 12 часа.

Градоначалникот на градот Барселона изјави дека туристичката такса за патниците на крстарењата во моментов изнесува седум евра дневно, но не кажа за колку ќе се зголеми оваа сума.

Зголемувањето на таксата за престој во Барселона очигледно ќе биде значајно, особено за туристите кои доаѓаат на еднодневни патувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина има повеќе од една милијарда претплатници на 5G технологијата

Во случај кога туристите престојуваат помалку од 12 часа, јавниот простор во градот практично се користи без никаква корист за градот, а најмногу страдаат граѓаните.

Туристите мора да ја почитуваат дестинацијата на која доаѓаат, рече градоначалникот на овој град.

Тој порача и дека туристите, а не даночните обврзници треба да плаќаат за локални проекти како што е воведувањето клима во училиштата и слично.

Градските власти веќе донесоа одлука за забрана за изнајмување на станови на туристи до 2029 година, со цел да се намали недостигот на станови за локалното население.

Loading...

Сите одобрени лиценци за краткорочно изнајмување, од кои поточно 10.101, и оние на платформи како Airbnb, нема да бидат обновени кога ќе истечат во ноември 2028 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма во Казахстан: Авион се урна и се запали (ВИДЕО)