Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден вети дека ќе преземе цврста акција против големата кибер-операција за шпионирање на американски институции, што предизвика загриженост во федералната влада во услови на молк на актуелниот претседател во врска со руската провокација, пренесува Политико .
„Мојата администрација ќе ја направи кибер безбедноста главен приоритет на секое ниво“, нагласува Бајден во изјавата. „Справувањето со таа закана ќе го направиме врвен приоритет од моментот кога ќе ја преземеме функцијата“.
Тој додаде дека им наложил на советниците на неговиот преоден тим „да анализираат што е можно повеќе за нападот“ и им оддаде почит на официјалните лица кои ги испитуваат федералните мрежи за да утврдат колкава е штетата од хакерските напади.
Златко Шумковски