Азербејџан и Ерменија продолжуваат со интензивни борби за спорниот регион

Сподели со своите пријатели

Азербејџан и соседна Ерменија и денеска продолжија со интензивни борби околу спорниот регион Нагорно Карабах, со што вооружениот конфликт влезе во деветтиот ден.

Loading...

Ерменија пријави судири во јужниот дел на Нагорно Карабах, а воениот портпарол Шушан Степанјан изјави дека „се водат жестоки борби“.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека ерменските сили го нападнале вториот по големина град во Азербејџан, Ганџа, со ракети истрелани од северозападниот регион Берд во Ерменија.

Спорниот регион Нагорно Карабах, кој ОН го сметаат за дел од претежно муслиманскиот Азербејџан, со децении е под контрола на христијанските ерменски сили.

Азербејџан и Ерменија водеа војна за оваа територија кон крајот на 1980-те и раните 1990-ти години, откако станаа независни земји по распаѓањето на Советскиот Сојуз. Се проценува дека тогаш загинале десетици илјади луѓе.

Во последниот судир, кој се смета за најсмртоносен во последните четири години во тој дел од светот, досега загинале повеќе од 200 лица.

Судирите предизвикуваат загриженост дека може да дојде до војна, со оглед на тоа што локалните борци бараат поддршка од регионалните сили Турција и Русија.

Русија, која има блиски воени врски со Ерменија, повикува на итен прекин на огнот, додека Турција соопшти дека ќе го поддржи Азербејџан со сите неопходни средства.

Loading...

Јасмина Тасевска

Leave a Reply