Австралија забрани сексуални односи помеѓу министрите и персоналот

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер во четврток донесе формална забрана на сексуалните односи помеѓу министрите и нивниот персонал откако неговиот заменик направи „шокантна грешка во проценката“ затоа што се впуштил во афера со помошничката во кабинетот, по што таа останала трудна.

Малком Турнбул објави амандман на министерските правила за однесување на вонредната конференција за новинари на која го критикуваше заменикот Барнаби Џојс затоа што предизвикал „страшнка болка и понижување на својата жена и четирите деца“.

– Барнаби направи шокатна грешка во проценката со тоа што се впушти во афера со млада жена која работи во неговиот кабинет. Создаде свет на јаз на тие жени и не запрепасти сите нас. Сочувствуваме со нив. Низ таа страшна работа мораа да минат пред очите на јавноста, рекол тој.

Џојс (50) се наоѓа под голем притисок откако неговата афера со поранешната советничка за медиуми, Вики Кемпион (33) која сега го чека неговото дете, минатата недела стана јавна.

Тоа ќе води кон обвиненија дека ги прекршил министерските правила, но и кон повици за негова оставка.

Турнбул рекол дека Џојс сега треба да ја разгледа својата позиција.

Премиерот би можел да го отпушти, но тоа носи ризик од пукање на владеачката коалиција.


Leave a Reply