Австралија и Папуа Нова Гвинеја потпишаа билатерален безбедносен договор

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер Ентони Албанес денеска изјави дека земјата потпишала билатерален безбедносен договор со соседна Папуа Нова Гвинеја.

Loading...

„Ова е сеопфатен и историски договор. На Австралија ќе ѝ биде полесно да ѝ помогне на Папуа Нова Гвинеја да ги исполни потребите за внатрешна безбедност“, рече Албанезе на прес-конференција во Канбера, пренесе Ројтерс.

Договорот ќе вклучува поддршка за полицијата, судството и затворскиот систем во земјата, како и помош во борбата против родовото насилство, додаде Албанес, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот