Атлетичарите на ООУ „Крсте Мисирков“ ја промовираат земјава во Хрватска (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Атлетичарите на ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово успешно ја промовираа Македонија на Училишното светско првенство во атлетика кое годинава се одржува во Сплит, Хрватска.

Loading...

Првиот ден учениците настапија во неколку дисциплини меѓу кои фрлање ѓуле од пет килограми, скок во далечина, спринтерски трки на 200 и 400 метри, 300 метри со пречки и средни патеки на 1.500 метри.

– Нашите ученици го дадоа својот максимум, со остварување на лични рекорди во скоро сите дисциплини. Според правилата на ИСФ, некои од дисциплини учениците ги натпреваруваат на Светското првенство, но на нашето Државно првенство, повеќето од тие дисциплини ги нема. Ова претставуваше вистински предизвик за настап и во овие дисциплини како што се: трчање на 300 метри со пречки, трискок и шведска штафета, велат наставниците кои ги придружуваат своите ученици.

Како најмлади учесници, а најдобри за својата возраст на Светското првенство учениците Давид Димевски и Александар Вељковиќ беа повикани за интервју на официјалните медиуми на ИСФ (Светска Училишна Спортска Федерација) и на Хрватскиот училишен спортски сојуз кои одеа во живо од студиото на ВИП ложата на Атлетскиот стадион во Сплит.

Loading...

Вториот натпреварувачки ден по завршувањето на дисциплините трискок на Александар Вељковиќ како и на целата четворка во шведска штафета (Теофил Соневски, Матеј Митровски, Давид Димевски и Алекасндар Вељковиќ) го донесе конечниот пласман на кумановската екипа.

– Во својата возраст нашата екипа беше најдобра, додека во конкуренција со екипите до 18 години го освоивме 25 место со освоени 390 бодови од сите дисциплини, совладувајќи ја екипата на Индија, информираат наставниците.

Целата делегација зеде учество и во традиционалната „Штафета на пријателство“која е симбол на другарување помеѓу различните националности, раси, култури, вери, различен пол и различна возраст. Штафетата се трчаше на кејот во градот Трогир во должина од 300 метри со порака за кампања против употреба на допинг „ISF Clean Athletics“.

Средбата на нациите и Денот на културата се одржаа на Сплитска Рива променада на 29 штандови за промоција на својата култура преку автентични производи на храна, пијалоци, уметнички дела, брошури, флаери и друго од својата држава и својот град.

Loading...

– Покрај штандот на сцената пред 2.000 луѓе со видео презентација беше промовирана нашата опсерваторија Кокино, а со песната од Меморија и Дадо Топиќ „Македонија“ ги поздравивме домаќините, организаторите и сите учесници, велат од ООУ „Крсте Мисирков“.

На манифестацијата учествуваат 29 земји од целиот свет.

Фото: Фејсбук – ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово

Leave a Reply