Атлантскиот океан „останува без здив“

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 30 партнери покренале огромен меѓународно истражувачки програм за проценка на здравјето на Атлантскиот океан, јавува ВВС.

Loading...

Проектот iAtlantic е најголем истражувачки проект на вториот најголем океан на планетата.

Вклучува повеќе од 30 партнери, кои ги финансира ЕУ, а координира британскиот Универзитет во Единбург.

Што ако Русија ги пресече интернет каблите на дното од Атлантскиот океан?

Научниците ќе користат низа уреди со висока технологија, вклучително и роботска подморница, за скенирање на океанот кој се протега од Арктикот до Јужна Америка.

Тие сакаат да ги проценат ефектите на климатските промени врз растенијата и животните.

Loading...

Истражувачите ќе користат геномика, физика, машинско учење и други специјализирани техники и ќе минат четири години создавајќи дигитална мапа на екосистемот на океанот.

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Ова е границата помеѓу Тихиот и Атлантскиот океан (видео)

Резултатите ќе им помогнат на владите да одлучат каков развој на Атлантикот е одржлив и одговорен.

Тие исто така ќе ги нагласат „уточиштата“ во кои загрозени видови можат да имаат шанса да преживеат.

Професор Мариј Робертс од Универзитетот во Единбург изјавил за ВВС дека како станува потопло, океанот станува покисел и „останува без здив“.

ОПАСНОСТ ОД ДЛАБОЧИНИТЕ: Џиновски ајкули нападнаа подморница (видео)

Loading...

– Затоа што Атлантикот, како и многу океански басени во светот, деоксигенира, односно губи кислород потребен за живот, рекол Робертс.

Причината за тоа се климатските промени, со оглед дека океаните апсорибраат 90 отсто од светското глобално затоплување.

Leave a Reply