08.01.2018 01:32

Што ако Русија ги пресече интернет каблите на дното од Атлантскиот океан?


Магазинот „Вајерд“ направил прогноза на ситуацијата во која Русија одлучува да ги пресече интернет каблите на дното од океанот.

Високи претставници на американската Воена морнарица со години предупредуваат на катастрофалните последици кои кои би можеле да доведат нападите на руските бродови врз интернет каблите, наведува „Вајерд“. Со нив се сложни и нивните британски колеги, кои се убедени дека вакви напади би довеле до финансиски крах на земјата.

Освен тоа, НАТО планира да го обнови командниот центар од педиодот на Студената војна, а една од неговит ецели ќе биде заштитата на подводните комуникации од непријателските акции на Москва, пишува магазинот.

БЕЗБЕДНОСТА НА ПЛАНЕТАТА Е ВО НИВНИ РАЦЕ: Клучевите од интернетот ги имаат 14 луѓе

Меѓутоа, според мислењето на експертите, западните воени чиновници ја преувеличуваат заканата.

Секојдневно во светот се оштетува еден од 428-те кабли. Во поголемиот дел од случајот причините се земојтреси или бродови. Притоа, корисниците на интернетот во најголем број случаи не ги забележуваат прекините, податоците автоматски се префрлуваат на друга линија.

Во Европа, САД, државите од Источна Азија и другите региони по една трасе обично се поставуваат голем број кабли.

Затоа, пишува „Вајерд“, ако руските подморници и пресечат неколку кабли во Атланткиот океан, тоа нема многу да ја наруши работата на интернетот.

Дури и ако Русија успее да ги прекине сите кабли, протокот може да се префрли на каблите во Тихиот океан.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments