ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Ова е границата помеѓу Тихиот и Атлантскиот океан (видео)

Сподели со своите пријатели

Како на географска карта – границата измеѓу Пацификот и Атлатснкиот океан е во вид на јасна линија, а нивните води како да не можат да се измешаат.

Оваа атрактивна снимка е направена од еден туристички брод некаде околу ‘ртот Хорн, најјужниот врв на Јужна Америка, каде овие два океани се среќаваат.

И секако дека се мешаат. Само тој процес оди подолго од што би очекувале, објаснуваат експертите. Треба некоку дена за да се измешаат едвај неколку сантиметри. Затоа што и за вака големи водени површини важат истите механизми за мешање како и за другите течности – дифузија на двете течности и физичка агитација.

Дифузијата, односно ширењето на течностите е споро. Така да кај океаните должината на тој процес најмногу зависи од физичката агитација, т.е. физичкото влијание на мешањето – бранови, струја, ветрови итн.

Исто така, густината на океанот може да влија не формирање на овие две видливи „граници“.Потоа тука се и приливите на слатка вода од топењето на глечерите, големите реки кои внесуваат и извесна количина на глина во океанот и му ја менуваат густината и бојата.

Меѓутоа, на крајот сепак се мешаат.

https://www.youtube.com/watch?v=SWRqfWo4hZ8


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.