Алијансата за позитивна Македонија по пат на писмено соопштение ја поздрави одлуката на СДСМ да поддржи изборен пропорционален модел со една изборна единица, за што АПМ и другите помали партии се залагаме подолго време.
Алијансата за позитивна Македонија ги охрабрува и другите партии од „големата четворка“ што учествуваат во работата на работните групи за изборниот модел, да ја превземат историската одговорност да го прифатат предлогот да Македонија биде една изборна единица, со што ќе го олеснат патот кон демократизацијата на земјата, при што како главен приоритет да бидат државните, а не теснопартиските и личните интереси.
Алијансата за позитивна Македонија уште на почетокот на политичката криза во Македонија, ги предложи следните измени во изборното законодавство, што ќе треба да се направат, за да се обезбеди одржил демократски развој на државата, при што би се постигнало:
– Целосно одвојување на партиите од државата и од управувањето со изборниот процес;
– Република Македонија да биде една изборна единица;
– Отворени кандидатски листи;
– Во Собранието да бидат резервирани 10% од пратенички места за сите заедници што се под 20% од вкупниот број на населението во Р. Македонија, како и департизација на Државната изборна комисија.
Алијансата за позитивна Македонија во соооштението нагласува и бара пред распуштање на парламентот за сите наредни парламентарни избори, да се формира непартиска техничка влада што ќе ги реализира изборите.