АПМ бара продолжување на преговорите со активно учество на САД

Сподели со своите пријатели

Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија по пат на писмено соопштение апелира да продолжат преговорите за разрешувањето на кризата во Р. Македонија.

Loading...

Интересот на граѓаните на Република Македонија мора да биде пред личните интереси на партиските лидери што учествуваат на преговорите, велат од АПМ.

Поради тоа сметаме дека треба да има официјални информации од страна на организаторите на преговорите за прашањата што се преговараат. ГО на АПМ смета дека како олеснувачи во процесот на преговорите треба да се вклучат поактивно и САД, бидејќи одложувањето на разрешувањето на кризата може да предизвика и други подлабоки последици за Република Македонија, особено од безбедносен план на регионот.

Со оглед на тоа дека премиерот Груевски од Брисел изјави дека и на наредните избори „убедливо ќе победел“, ГО на АПМ апелира да истиот треба да предложи друго лице за претседател на Владата, прифатливо на сите страни, бидејќи во таков случај за ВМРО-ДПМНЕ воопшто и не е важно кој ќе ја води владата во транзиониот период, се вели во писменото соопштение на  Главниот Одбор на Алијансата за позитивна Македонија.