Во Амстердам, во предградието Зуидост, украден е дел од споменикот подигнат на Нелсон Мандела.
Споменикот во паркот Нелсон Мандела се состои од седум бронзени лица, а едно лице недостасува, објави NL Times. Полицијата го истражува случајот.
Во средата, на 1 март, и полицијата и општината добија дојава дека му недостасува еден лик на споменикот.
Со оглед на големината на делото, не било лесно да се изведе, велат од полицијата.
Засега не се знае кога се случила кражбата. Тоа е дел од истрагата, соопшти полицијата, повикувајќи ги сведоците да излезат.
Споменик на јужноафриканскиот борец за слобода и претседател Нелсон Мандела е направен од јужноафриканскиот уметник Мохау Модисакенг, со помош на локалното население на Зуидост, а беше откриен во летото 2021 година.
Седумте лица ги претставуваат луѓето кои живеат во областа.