Америка размислува да ѝ достави на Украина ракети со поголем дострел со касетни бомби

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е блиску до одлука да одобри испорака на ракети со поголем дострел со касетни бомби за Украина, давајќи му на Киев можност да нанесе значителна штета подлабоко на територијата окупирана од Русија, пишува Ројтерс, повикувајќи се на американски официјални претставници.

Loading...

Откако го видоа успехот на касетната муниција испорачана во артилериски гранати од 155 мм во последните месеци, САД размислуваат за испорака на еден или двата армиски тактички ракетни системи (ATACMS) кои можат да летаат до 306 километри, или водени повеќекратни ракетни системи ( GMLRS) проектили со дострел 75 километри со касетни бомби, изјавија тројца американски официјални лица.

Доколку биде одобрена, секоја опција би била достапна за брза испорака во Киев, наведува британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.