Телевизија Алсат М во својот натпис за кумановските случувања, тврди дека обезбедиле документ од свои извори за кој се тврди дека е евентуално официјален документ на Министерството за надворешни работи на Македонија, со кој се известува Амбасадата на Косово во Скопје за идентитетот на нејзините уапсени државјани за време на полициската акција во Куманово на 9 мај.
Овој документ упатен до Амбасадата на Република Косово отвора многу дилеми, јавува АЛСАТ -М, кој наводно бил испратен со назнака „многу итно“ со датум, 12 мај.
На документот за кој се тврди дека е од Министерството за надворешни работи на Македонија стојат имињата на 23 граѓани на Косово, од кои три имиња се повторуваат два пати.
Тоа што отвoра дилема според Алсат е фактот дека во ова известување до амбасадата на Косово за идентитетот на своите државјани приведени во полициската акција во Куманово, наведени се и имиња на лица за кои подоцна произлезе дека се меѓу загинатите. Се работи за Мирсад Ндрецај и Бег Ризај кои важат за водачи на групата.
Еве што стои во писмото за кое се тврди дека е од МНР упатено до Амбасадата на Република Косово:
„Министерството за надворешни работи на Република Македонија го изразува своето високо почитување кон Амбасадата на Република Косово во Скопје и има чест да ја проследи информацијата на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, според која, на 9 мај 2015 година во полициската станица во Куманово, поради сторени кривични дела на територијата на Република Македонија се лишени од слобода косовските државјани:
Фадил Елшани
Есат Кафиџолу
Дем Шеху
Анди Красниќи
Мухамед Красниќи
Шефкет Авачи
Хајруш Авдија
Бетим Кабаши
Генци Сефа
Ландрит Рустеми
Бег Бајра
Фатмир Речица
Севдаил Мифтари
Лирим Красниќи
Бајрам Елшани
Сами Укшини
Валдет Зекај
Мирсад Керими
Дем Шеху
Сами Укшини
Мирсад Ндрецај
Бег Ризај и
Зијадин Красниќи.
Врз основа на оваа листа, произлегува дека имињата на Сами Укшини и Дем Шеху се споменуваат два пати како и она на Мухамед Красниќи, кој го дал и неговиот втор идентитет, Анди Красниќи кои се исти со податоците на неговото раѓање и место на живеење, јавува АЛСАТ.
Што се случи со Мирсад Ндрецај и Бег Ризај останува да одговараат институциите во земјата кои ги прикажаа како убиени во полициската акција во Куманово, заедно со осум други лица: Џафер Зимерај, Ваљон Кабаши, Тургај Гаши, Арбен Реџај, Сами Кастриоти, Хисен Рушити, Фатлум Вишесела и Нусрет Калоши. Ова останува да се докаже со нова истрага за случајот ако такво нешто побараат косовските или меѓународните власти, јавува АЛСАТ – М.