Албанската драма при Театар Куманово, за утревечер со почеток во 20 часот /4 јуни/, ја најави премиерата на кабаре претставата ”Баунсерс”, работена според текстот на Џон Годбер, а во режија на Ќазмедин Нуредини.
Loading...
Комедијата ”Баунсерс” ја опишува атмосферата во ноќен клуб во Англија, каде работат четворица чувари на редот. Во клубот се испреплетуваат случки и комични сцени кога во клубот ќе се појават женски лица.
Во кабаре претставата настапуваат Ќазмедин Нуредини, Енвер Халими, Сефедин Шабани и Шкељќим Ислами.
Билетите се пуштени во продажба по цена од 150 денари.