Призор од куче кое бега и во устата носи чорап можеби изгледа слатко и неодоливо, но кога кучето стане „хроничен крадец на претите“ повеќе не ви е смешно. Имено, ваквото однесување може да биде стресно за вас и опасно за кучето.
Одредени раси, вклучувајќи го златниот ретвривер, јоркширскиот териер и папилон, имаат тенденција повеќе од другите раси да „крадат“. Ако вашето куче хронично краде предмети по дома за да ги сокрие или гризе, веројатно имате проблем и треба бргу да го решите.
Дали сте знаеле дека кучињата можат да почуствува вакви необични работи?
Имено многу е малк черокот од папучата на подот до оброкот на шпоретот. Без оглед на расата, важно е да го спречите таквот однесување пред да дојде до посериозни проблеми.
Кога кучето краде храна, мотивите се очигледно. Дури и ако е добро нахрането, вашето куче и натаму ќе има потреба да земе дел од вашиот оброк. Меѓутоа, таквото однесување може да ескалира па миленикот ќе се навикне да зема храна од трпезариската маса, мијалникот или шпоретот.
Некои кучиња крадат затоа што сакаат внимание. Тие земаат предмети кои ни се важни за да ги бркаме.
Кучињата сакаат да јадат човечка храна, но постои нешто што за нив е отровно