Богдан пливал еден километар во темница за да спаси девојка од давење (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жител на Иркутска област, Богдан Огородников препливал цел километар во реката Лена во целосен мрак, за да спаси девојка која се давела.

Дваесет и тригодишниот Огородников и неговиот другар Сергеј Качин се враќале дома околу полноќ кога слушанле крици за помош од реката, се наведува на сајтот на Министерството за вонредни ситауции на Русија.

Огородников скокнал во водата, препливал околу еден километар за да стигне до девојката. На враќање цврсто ја држел за рака, смирувајќи ја.

Маринец демонстрира како да се спасите од давење со вашите панталони (видео)

Loading...

Качин останал набрегот и ја молел девојката да продолжи да вреска, за да спасувачот се ориентира по нејзиниот глас во темната ноќ.

Луето кои се насобрале на брегот помогнале девојката да се извлече од водата по што таа била предадена во полиција.

Како се наведува, Богдан Огородников работи како морнар на парабродот Мамакан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Влета со багер и ја собра пејачката: Дали е ова најлудата снимка од свадбена веселба? (ВИДЕО)

Leave a Reply