Сите уште зборуваат за средбата на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун и претседателот на САД Доналд Трамп. Овој состанок привлече внимание од целиот свет, а секој чекор на двајцата лидери беше будно проследен од камерите. Сепак изгледа дека некои работи сепак им избегале.
Она што малкумина го забележале е дека пенкалото со кое Ким го потпиша заедникиот документ со Трам, всушност е сменето во последен момент.
Иако пенкалото било поставено на своето место пред потпишувањето, изгледа дека сестрата на Ким му дала друго пенкало за потпишување на документот.
Многумина мислат дека властите од Северна Кореја тоа го направиле затоа што се плашат од зарази, шпијунажа или само поради обична параноја.
Човек од обезбедувањето на Ким повеќе пати го бришел пенкалото пред тоа да биде поставено на соодветното место за потпишувањето, но тогаш на сцена стапила и сестрата на Ким.