Курдската народна милиција тврди дека нивната граната погодила турски авион кој го бомбардирал Африн. Турскиот Генералштаб објави дека сите авиони кои учествувале во денешните операции се вратиле во своите бази.
– За време на борбите на подрачјето ба Билбил, село Шејх Роз, погоден е турски авион, изјавил за „Спутник“ претставникот на штабот на Народната милиција во Африн.
Според неговите зборови, Курдите виделе како авионот е погоден и чадел. Во овој момент тие се обидуваат да одредат дали паднал или се вратил на турска територија.