Јужна и Северна Кореја договорија да формираат прв заеднички олимписки тим и спортистите на двете земји заедно да маршираат под едно знаме на церемонијата за отварањето на претстојните Зимски олимписки игри, соопшти денеска Сеул.
Јужнокорејското Министерство за обединување соопштило дека двете Кореи постигнале договор на денешните преговори во пограничното село Панмунџ.
Договорот предвидува заеднички марш на спортистите на двете земји под знамето на обединувањето кое го отсликува Корејскиот полуостров, на отварањето на ЗОИ во јужнокорејскиот Пјонгчанг, како и формирање единствен тим на женската репрезентација во хокеј на мраз.
ПЛАЧАТ И ВРЕСКААТ: Вака изгледа кога Ким Џонг Ун ќе мине крај жените (фото)