Поранешниот премиер на Романија, Виктор Понта доби денеска државјанство на Република Србија, пишува српскиот весник „Блиц“.
Понта е актуелен претседател на Одборот на Парламентот на Ромија за европски прашања, а дека ќе има и српски пасош потврдено е од Владата на Србија, за весникот.
Кон средината на минатата година престојувал во Белград, а тогаш порачал дека Романија ќе продолжи да ги поддржува евроинтеграциите на Србија, а дека тоа е во интерес на регионот и целата Европска унија.
Понта инаку бил присутен на седницата на Собранието на Србија во август 2016 година на која актуелениот претседател на Србија Александар Вучиќ, како тогашен премиер, изложил експозе. И тогаш рекол дека Србија била најдобар сосед и пријател на Романија и дека што поскоро треба да се приклучи кон ЕУ.