Претседателот на Гватемала Џими Моралес најави дека таа централноамериканска земја ќе ја премести својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим.
Моралес во недела на својот официјален профил на Фејсбук наведе дека по разговорите со израелскиот премиер Бенџамин Натанијаху одлучил на своето Министерство за надворешни работи да наложи амбасадата да ја премести од Тел Авив во Ерусалим, пренесува АП.
Гватемала е, инаку, една од деветте земји кои минатата недела гласаа на страна на САД кога Генералното собрание на Обединетите нации со мнозинство гласови усвои необавезителна резолуција со која ја осудува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавањето на Ерусалим како престолнина на израел и премесвуањето на амбасадата на САД во Ерусалим.
Со резолуцијата усвоена во ООН, потегот на САД во поглед на Ерусалим е прогласен за ништовен и неважечки, потсетува американската агенција.