Викенд прогноза за Куманово: Циклонски бран носи врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

 

 

Под влијание на циклонска активност, од денеска до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Донација од 25 електрични медицински кревети и опрема за Општа болница Куманово (ФОТО)

Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максималнта дневна ќе достигне 24 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 26 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 43-годишник од Куманово, возел мотокултиватор без дозвола

 

 

И во недела ќе се задржи облачното време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 11 до максимални 19 степени целзиусови.

 

 

Врнежливото време ќе се задржи и во првата половина од претстојната работна недела.

Никола Ивановски