Австриец приведен на Табановце со оружје

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишен државјанин на Австрија бил приведен вечра на Граничниот премин Табановце поради поседување оружје.

– На 07.10.2026 во 18.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода П.Р.(62) од Австрија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Ккао што додаваат од МВР, при граничн аконтрола и преглед на возило кампер „фиат“ со приколка со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол, еден револвер, пакување со  90 дијаболи и пакување со 22 иницијативни каписли.

– За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово, велат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре неколку локации во кумановско

По целосно документирање на случајот, како што се наведува во соопштението, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски