Со претставата „Кљукана Династија“ од Народниот театар Ниш од Србија, вечерва продолжува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.
Станува збор за претстава во режија на Андреј Носов, а во која играат Александар Михајловиќ, Весна Станковиќ, Сања Крстовиќ, Братислава Милиќ, Марко Радојевиќ, Стефан Младеновиќ, Петар Миљуш и Данило Миленковиќ.
Досега на фестивалот настапија театрите од Куманово, Сараево, Драмски театар Скопје и Приштина.
Фестивалот трае до 3. откомври, а сите претстави почнуваа во 20 часот.
Никола Ивановски

