Осумнаесетгодишник од Куманово бил приведен откако мобилната единица за борба против дрога му пронашла бела грутчеста материја.
– На 26.09.2026 во 22:35 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и од мобилниот тим „Task Force“ при СВР Куманово го лишија од слобода П.Д.(18) од кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при преглед кај него била ила пронајдена бела грутчеста материја.
– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

