Неколку локации во Куманово денеска и утре ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини во снабдувањето.
Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:00 до 15:00 часот прекини ќе има во селото Стрезовце.
Во период од 08:30 до 14:00 часот денеска без електрична енергија ќе бидат објектите зад и испод училиштето во населбата Иго Тричковиќ.
Од 08:45 до 14:45 утре и задутре струја ќе немаат улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“.
Задутре (среда) без струја во период од 07:30 до 15:30 часот ќе останат жителите од улиците „Ленинова“, „Панче Пешев“, „Пелинска“ и „Доне Божинов“.
Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенции во електродистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

