Куќа во сопственост на 67-годишник од Младо Нагоричане вчера била зафетна од пожар, при што била опожарена една соба.
– На 23.09.2026 во 14:17 часот во СВР Куманово e пријавено дека во с.Младо Нагоричане настанал пожар во куќа сопственост на М.Л.(67), информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од пожарот, како што ојаснуваат од полицијата, била зафатена една соба во која изгорела повреќе предмети.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.
Според Регионалниот центар за управување со кризи, во гаснење на пожарот учествувале тројца пожарникари во период од 10:18 до 12:30 часот.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

