ХАОС ВО ХАГ ПО ПРЕСУДАТА ПРОТИВ ОВК: Летаат пендреци и водени топови кон демонстрантите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За време на протестот на поддржувачите на ОВК на плоштадот Маливелд во Хаг, дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата, која морала да употреби водени топови и бибер спреј, јавуваат холандските медиуми.

Неколку стотици Албанци се собрале за да го поддржат Хашим Тачи и другите водачи на терористичката ОВК за време на изрекувањето на пресудата во Хаг, јавува РТС.

 

 

Собраните фрлале камења, гранки и знамиња кон припадниците на специјалните сили на полицијата.

Некои демонстранти се качиле на покривот на полициско возило во движење и скокнале на него, додека други ги удирале возилата со јарболи и фрлале предмети кон нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Горивото во Италија е сè поскапо и покрај државните бенефиции

 

 

Полицијата одговорила со потиснување на демонстрантите и употреба на бибер спреј и водени топови, а во акцијата биле употребени и полициски кучиња.

По интервенцијата на полицијата и неколку апсења, ситуацијата во Хаг се смирила, а толпата се разотишла.