Приведен германски државјанин, нелегално престојувал во Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен германски државјанин ноќва бил приведен во Куманово под сомнение дека непријавено престојувал во државата.

– На 11.09.2026 во 02:00 часот на влез на Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.С.(39) од Германија затоа што по извршени проверки било констатирано дека непријавено престојувал во државата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановските гимназијалци ќе реализираат општо-корисни активности со штитениците на „Зафир Сајто“ (ВИДЕО)