Кумановец натепал сограѓанин, па му се заканувал со нож

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека нападнал сограѓанин, по што му се заканувал и со остар предмет.

– На 02.09.2029 во 16:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.И.(42) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:30 часот физички го нападнал Л.Б.(22) од Куманово, а потоа му се заканувал со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, И.И бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во три кумановски села се градат монтажни гаражи за противпожарни возила (ВИДЕО)

Никола Ивановски