Двегодишно дете од Куманово се затруло со лекови

Сподели со своите пријатели

Двегодишно дете од Куманово било примено во кумановската болница откако се затруло со лекови.

– На 09.08.2026 во 14:28 часот во СВР Куманово, лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено од лекови, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од Општа болница Куманово велат дека детето е примено на одделението за педијатрија и е во стабилна состојба.

– Примено е во свесна состојба, стабилно во добра општа состојба со уредни витални параметри. По контролен преглед на 10.08.2026 година со уредни параметри, е пуштено дома, велат од болницата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец тешко повреден откако „нисан“ излетал од патот во Четирце

Од кумановската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски